а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изолира

изолираат; изолирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 14907
1. Оддели, одделува некого од дадена средина, спречувајќи ги неговите контакти, врски, односи со неа.
Англиски: isolate Албански: izoloj
Примери:
Новодојдените ги изолираа од другото население.
2. За луѓе и животни (најчесто во врска со некоја болест).
Англиски: isolate Албански: izoloj
Употреба: Медицина
Примери:
Сите заразени од жолтица, лекарите ги изолираа од другите болни во една посебна барака.
3. Обложи, обложува со изолациски материјал.
Англиски: insulate Албански: izoloj
Употреба: Технологија
Примери:
Електричарот не ги изолирал добро жиците во лустерот и затоа дојде до краток спој.
4. Врши функција на изолирање.
Англиски: insulate Албански: izoloj
Примери:
Пластиката многу добро изолира.
5. (се изолира) Се оддели од општествена средина, влијание.
Англиски: withdraw Албански: tërheq
Примери:
Тој се изолира од своето друштво и од луѓето воопшто.
Изведенки
изолирање ср.
глаг. им.